Emel Öz Gözellik
02 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Осум планинари исчезнаа во текот на искачувањето на втората највисока планина во Индија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми јавија дека планинарите се искачувале на планината Нанда Деви, со надморска височина од над 7.800 метри и втора најголема планина во Индија, по Хималаите.
Четворица Британци, двајца Американци, Австралиец и Индиец започнале со искачувањето на 13 мај, но не стигнале до кампот во кој требало да се вратат во петокот. Започната е акција за спасување.
Во акцијата се вклучени и хеликоптери на воздушните сили на Индија, но таа е стопирана до подобрување на временските услови.
Официјалните лица стравуваат од можноста планинарите да ги затрупала лавина.