Ekipa
17 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Обезбедувањето денес ги евакуираше патниците и екипажите на два авиони на меѓународниот аеродром во Њу Делхи по анонимна телефонскиа закана за поставени бомби во авионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Не е потврдено дали експлозивниот материјал е пронајден во авионот на домашната компанија „Ер Индија” ниту во авионот на „Непал ерлајнс”.
Авионите се префрлени во „изолациони простории” каде што се пребаруваат.
Во текот на ноќта, среда кон четврток, екипажот и патниците на „Ер Индија” беа евакуирани на аеродромот во Банкок по дојава за бомба која подоцна се испостави дека е лажна.