Ilgın Karlıdağ
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека Европската унија (ЕУ) ќе постигне договор со Турција во врска со прашањето за задржување на приливот на бегалци кои доаѓаат во Европа преку Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Шулц денес на новинарите им изјави дека „ќе преовлада разумот и ќе постигнеме договор со Турција во врска со враќањето на бегалците кои се веќе во Европа“.
„Доколку не постигнеме договор со Турција за преселување на бегалците, нивниот број, едноставно, се зголемува. Што ќе се случи тогаш? Поради тоа се надевам дека ќе постигнеме договор со Турција - барем тие прават нешто во врска со ова; тие разговараат со нас. Одредени земји не сакаат дури ниту да разговараат со нас“.
Сите 28 лидери на влади од земјите од ЕУ денес се собраа во Брисел со цел да разговараат за начините на кои бегалците и мигрантите кои влегуваат во Европа преку Грција, да бидат вратени во Турција.
Според предлогот на Турција до ЕУ, таа бара од блокот на 28 земји да го „поделат истиот товар“ базиран на формулата „за секој Сириец вратен во Турција од грчкките острови, друг ќе се пресели од Турција кон земјите на ЕУ“.
Анкара бара и либерализација на визите од месец јуни, забрзување на пристапните преговори со ЕУ и дополнителни 3 милијарди евра за подмирување на потребите на сириските бегалци во земјата.