Hasan Esen
18 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите од Европската унија (ЕУ) постигнаа договор за соработка со Турција во врска со бегалската криза, кој ќе му биде претставен денес на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Челниците на земјите членки на ЕУ учествуваат на дводневниот самит во Брисел каде што разговараат за начините за враќање на бегалците и мигрантите, кои преку Грција влегуваат во Европа, во Турција.
Премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел, во врска со предлогот на Турција претходно упатен кон ЕУ, на својот Твитер профил напиша дека по тоа прашање е постигнат договор, кој денес ќе му биде претставен и на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, како и холандскиот премиер Марк Руте, денес би требало да се сретне со Давутоглу. Во случај турскиот премиер да го прифати понудениот договор, истиот и официјално ќе биде склучен. Но, доколку до тоа не дојде, се очекува но состанок на официјалните лица од Турција и ЕУ.
Според договорот, начелно усогласен на 7-ми март 2016 година, Турција треба да прифати враќање на сите мигранти кои преку таа земји илегално стигнале до Грција, односно во ЕУ, а Унијата за секој илегален мигрант кој ќе го прифати Анкара, ќе одобри азил и влез на еден сириски бегалец сместен на турска територија. Турција, исто така, бараше укинување на визите за ЕУ за своите граѓани до крајот на јуни, како и отворање на нови поглавја во процесот за членство во ЕУ.