Hatice Vildan Topaloğlu
17 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган на денешната церемонија на доделување одрени ја потврди решеноста на Турција да се справи со тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на доделување ордени, во турскиот главен град Анкара, nа армиски ветерани и семејствата на загинатите во претседателската палата денес, претседателот Ердоган тој истакна:
„Ве уверувам дека нема да дозволиме чекори кои ќе ги измачуваат душите на нашите загинати и што ќе им наштетат на нашите ветерани. Ние сме во борба против сите терористички организации без компромис, сè до крајот. Ќе ги збришеме сите терористи во оваа земја, порано или подоцна, со Божја волја“.
Ердоган истакна дека смртта на стотиците војници од јуни 2015 година е нешто вознемирувачко.
„Но знаете ли што добивме? Покажавме дека овие предели се наша татковина на пријатели и непријатели. Тоа беше важно.“
„Оваа придобивка е толку голема што може да се спореди само со Чанаккале и војната за независноста“.
Турскиот претседател им се обрати директно на семејствата на загинатите.
„Нашиот народ го знае вашето жртвување многу добро.“
Откако ПКК, која е на листата на терористички организации на САД и ЕУ, ја продолжи 30-годишната вооружена кампања, околу 300 припадници на безбедносните сили ги загубија животите.