?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (AA) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу приреди свечен прием за учесниците на самитот на Г-20 кој се одржува во Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу и неговата сопруга Саре Давутоглу беа домаќини на лидерите на многу земји, меѓу кои и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Кина Кси Џинпинг, британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци и шефот на ММФ, Кристин Лагард.
Приемот траеше час и половина, и тоа беше уште една можност за бројни дипломатски разговори со гостите во Анталија.
Британскиот премиер Камерон, кој претходно се сретна со домаќинот на Самитот, Ердоган, за британските медиуми изјави дека на утрешната билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе побара да помогне во борбата против ДАЕШ.
"Тоа е се повеќе јасно дека нашата безбедност зависи од поразот на ДАЕШ во Ирак, Сирија и сите други фронтови", вели Камерон.
Самитот на лидерите на најразвиените земји во Анталија тече без проблеми и со зголемени безбедносни мерки.
Иако е замислен како платформа за унапредување на економската соработка меѓу земјите, денешниот самит се одржува во сенката на терористичките напади во Париз, и борбата против тероризмот се наметна како главна тема. Покрај тоа, исто така се разговара и за бегалската криза и климатските промени.