Hasan Esen
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопшти дека е постигнат договор помеѓу Европската унија (ЕУ) и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Европската унија и Турција денес на самитот во Брисел постигнаа договор за ублажување на мигрантската криза, соопшти премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка.
Вториот ден од самитот во Брисел, Соботка на својот Твитер профил напиша дека е постигнат договор со Турција по дводневни разговори на обете страни, додека премиерот на Финска, Јуха Сипила, исто така, рече дека „Лидерите на ЕУ се согласија во врска со договорот со Турција за бегалците”.
Според договорот кој начелно е усогласен на 7-ми март 2016 година, Турција треба да прифати враќање на сите мигранти кои преку таа земја илегално би дошле во Грција, односно ЕУ, а Унијата за секој илегален мигрант кој ќе го прифати Анкара, ќе одобри азил и влез за еден сириски бегалец сместен на турска територија.
Турција, исто така, бараше укинување на визите за ЕУ за своите граѓани најдоцна до крајот на јуни, како и отворање на нови поглавја во процесот на преговори за членство во ЕУ.