ВАШИНГТОН (АА) - Големи чекори се направени во однос на нуклеарното оружје, но најзначајната работа лежи пред нас, изјави претседателот Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не дојдовме овде само да зборуваме, туку дојдовме овде да делуваме”, изјави на завршната прес-конференција на кулминацијата на самитот за нуклеарна безбедност во Вашингтон.
„Во текот на изминатите шест години направивме значителен, важен прогрес за обезбедување на нуклеарниот материјал во светот, за никогаш да не падне во рацете на терористите.”
Од последниот нуклеарен самит во 2014 година, според Белата куќа, десет земји отстраниле 450 килограми високо збогатен ураниум.
„Како резултат на тие напори, три додатни земји се сметаат за ослободени од материјалот кој се користи за производство на нуклеарно оружје”, соопштија од Белата куќа.
Редуцирањето на залихите на Швајцарија, Узбекистан и Аргентина на помалку од еден килограм, од тој материјал, вкупниот број на земји ослободени од збогатениот ураниум изнесува 29, со Тајван чиј интернационален статус е спорен.
Јужна Америка е комплетно ослободена од плутониумот и високо збогатениот ураниум, изјави Обама, потенцирајќи дека кога Полска ќе го следи истиот пример во подоцнежниот период од годинава, централна Европа „исто така, ќе биде ослободена од тој материјал” како и југоисточна Азија, кога Индонезија ќе заврши со својот процес на отстранување, во текот на оваа година.
„Како што терористите, криминалните банди и трговците со оружје се во потрага по смртоносни состојки за нуклеарни уреди, големи региони низ светот се забранети за пристап”, рече тој.
Но иако светот има прогрес во овој правец, тој прогрес е нееднаков, рече Обама.
„Сè уште постои големо количество нуклеарен и радиоактивен метаријал ширум светот кој треба да биде обезбеден”, изјави Обама посочувајќи на растечките залихи на плутониум и ,ширењето' на нуклеарниот арсенал, кој вклучува мало тактичко нуклеарно оружје, во одредени земји'”.
Дводневниот самит го следи посредувањето на голем интернационален договор за согласност помеѓу групата на светските сили П5+1 - САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција, плус Германија, како и Иран, земјаќи ја в предвид нуклеарната програма на Техеран.
Тоа е големо достигнување на администрацијата на Обама, која го поздрави како пресвртница во напорите за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.
Иран ги „ следеше чекорите на имплементацијата кои беа изнесени” во договорот, рече Обама, додавајќи дека неговата администрација соработува со светските сили со цел да обезбеди „јасност” во бизнисите околу тоа кои трансакции се дозволени, сега, како резултат на отстранувањето на санкциите поврзани со нуклеарното делување.
Големата нуклеарна сила, Русија, не беше присuтна на Самитот во Вашингтон, на кој зедоа учество над 50 свестки лидери.
Нејзиното отсуство ги истакна тешкотиите за постигнувањето на возвишените цели за спречување на пролиферацијата, поставени како цел на самитот.
Русија поседува најголем арсенал на нуклеарно оружје во светот, околу 7,300 боеви глави, според Интернационалната кампања за укинување на нуклеарното оружје.
Заедно со залихите на Вашингтон од скоро 7,000 боеви глави, двете земји поседуваат скоро 90 отсто од светскиот нуклеарен арсенал - наследство од натпреварот во вооружување од Студената војна.
Обама претходно најави дека САД ќе обезбеди јавно броење на залихите на фисионен материјал на САД - прва таква изјава изречена за десет години.
„Тој тип на инвентар значително го редуциравме”, рече Обама, потенцирајќи дека САД „истражува нови начини за понатамошно редуцирање” на своите залихи на високо збогатен ураниум на нуклеарните бродови и подморници.
САД отстрани 138 тони од својот вишок на високо обогатен ураниум - доволен за изработка на 5,500 парчиња нуклеарно оружје, рече Обама.
Тој при крајот на сесијата предупреди дека ДАЕШ, и покрај територијалните загуби во Ирак и Сирија, како екстремистичка група е „закана за сите нас”.
„Како резултат на загубите на ДАЕШ во Сирија и Ирак, ние мора да бидеме подготвени за евентуални напади и на други места, како што бевме сведоци на неодамнешните во Турција и Брисел”, рече тој.