Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Adham Kako
05 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ИДЛИБ (АА) - Русија, која го поддржува Асадовиот режим во Сирија, по 24 дена повторно извршија воздушни напади врз цивилните населени места во Идлиб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Опсерваторијата за авиони при воената опозиција, воените авиони на Русија по 24 дена изутрина извршија пет воздушни напади во селото Балисе, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Идлиб.
Руските воздушни авиони на 11 септември ги погодија селата Дахир и Кефр Мареш кои се наоѓаат во северозападниот дел на Идлиб.
Од друга страна, Асадовиот режим продолжува со артилериските напади врз населените места во јужното рурално подрачје на овој град, каде што селата Хазарин, Рикаја, Шејх Мустафа, изутрина беа таргетирани од страна на силите на режимот.