Ekip
05 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ПАРИЗ (AA) - Климатските активисти влегоа и блокираа трговски центар во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стотици демонстранти се помешаа со членовите на движењето на Жолтите елеци и денеска влегоа во Трговскиот центар „Italie Delux“, на југот на француската престолнина.
Продавниците се затворени, бидејќи демонстрантите ги заклучиле вратите од Трговскиот центар и се забарикадирале.
Покажани се и транспаренти, а на некои пишуваше: „Радикална екологија, смрт за капитализмот“. Десетици полицајци се мобилизирани пред Трговскиот центар за да ги надгледуваат протестите кои се во тек.
Активистка која се претстави како Клеа изјави дека е време да се смени состојбата и дека „општеството оди во страшна катастрофа“.
„Сакаме да покажеме дека сме тука и дека никогаш не се откажуваме“, порача таа.