Mazin Majeed Asaad Baqal
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Мисијата на Обединетите нации во Ирак (UNAMI) упати апел да се бара одговорност од страните кои употребуваат насилство за време на антивладините демонстрации во Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефицата на УНАМИ, Жанин Хенис-Пласхарт, објави писмено соопштение во врска со демонстрациите кои се во тек во Багдад и во другите места во јужниот дел на Ирак.
Пласхарт изрази длабока жалост поради настанатите случаи.
„Во демонстрациите веќе пет дена има жртви и повредени. Тоа (насилството) треба да запре“, нагласи таа.
Пласхарт истакна дека треба да се бара одговорност од страните што употребуваат насилство во демонстрациите.