Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
РИЈАД (АА) - Преку нова регулатива, странските туристки кои ќе ја посетат Саудиска Арабија, ќе можат сами да престојуваат во хотелите во оваа земја без да бидат заедно со сопрузите или роднините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на саудискиот весник „Указ“ („Ukaz“) се наведува дека Управата за туризам на оваа земја донела одлука со која им се овозможува на странските туристки да престојуваат во хотелите во Саудиска Арабија без сопруг или роднина.
Претходно, на странските туристки им беше барано семеен документ за престојување во хотелите, но тоа веќе е укинато.