Haydar Hadi
20 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
БАГДАД (АА) - По 43 години во Багдад, главниот град на Ирак се одржа натпревар за убавина, јавува Anadolu Agency (АА).
Се натпреваруваа десет убавици, а Шајма Касим ја однесе титулата за најубава.
"Од 1972 година, не е одржан ваков натпревар. Поднесени се 150 апликации, а победничката е Шајма Касим", рече еден од организаторите на Хумам ал- Обеиди.
На натпреварот учествуваа претставници на меѓународни организации, некои ирачки министри, политичари и јавни личности.