Muhammed Bilal Kenasari
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД ја одобри продажбата на оружје за Ирак, во вредност од 1,95 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Агенцијата за безбедност на САД, соопшти дека станува збор за пратка од 33.000 парчиња проектили за авиони Ф-16 и друг вид на муниција и различна опрема. Вкупната вредност на ова оружје изнесува 1,95 милијарди долари.
„Продажбата на оружјето која е одобрена, освен што придонесува за економијата и националната безбедност на САД, во исто време служи како обновување на воената опрема и одбранбените сили на државата која е купец", се вели во соопштението.
За оваа пратка бил информиран и Конгресот на САД а се нагласува дека се работи за наоружување на ирачката влада, која претходно од САД купи 36 авиони Ф-16.