?????
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
ДАВОС (АА) - Директориката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, на Светскиот економски форум во Давос најави дека се кандидира за уште еден мандат, а зад неа застанаа некои од најмоќните членки, јавува Anadolu Agency (AA).
Лагард, чиј мандат истекува на 5-ти јули, за француската телевизија изјави дека сака да остане директорка на организацијата, која организира пакети-помош за владите и глобално ги следи економските реформи.
Истакна дека досега поддршка ѝ дале Велика Британија, Германија, Кина, Јужна Кореја и Мексико. И американскиот потпретседател Џо Бајден во Давос ја пофали Лагард и со тоа најави дека можно е Вашингтон и службено да застане зад нејзината кандидатура.
Земјите во развој започнаа со притисоци со цел на чело да ММФ да биде некој кој не е Европјанин.
Инаку, шефот на ММФ го номинира Европа, а САД челниците на Светска банка, Лагард е 11-та последователна претставничка на Стариот континент на функцијата директор на ММФ.