Ekip?
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската новинска агенција ДПА денеска објави дека германската канцеларка Ангела Меркел (62) ќе го бара новиот четврт мандат на таа позиција на општите избори следната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
ДПА, повикувајќи се на извори од седиштето на Демократската христијанска партија во Берлин, изјави дека Меркел ќе се кандидира за реизбор.
Доколку 2017 година Меркел повторно го добие четиригодишниот мандат, таа ќе биде на таа позиција онолку колку што беше нејзиниот претходник, Хелмут Кол, кој на чело беше 16 години.
Меркел во 2005 година стана првата жена канцелар на Германија.