Ayhan Şimşek
29 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
БЕРЛИН (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери синоќа постигнаа договор за измени на законот за барателите на азил со цел редуцирање на бројот на бегалците кои доаѓаат во Германија, јавува Anadolu Agency.
Заменик на канцеларката и лидерот на Социјалдемократската партија (SPD) Сигмар Габриел изјави дека лидерите на владејачката коалиција во Германија со согласиле за пакетот на мерки и измени од законот кои ќе се најдат пред владата во наредните денови.
“За оние кои имаат субсидијарна заштита, спојувањето со семејствата ќе биде суспендирано на две години", рече Габриел.
Субсидијарната заштита гарантирана им е на бегалците кои не ги исполнуваат условите за добивање на азил според Женевската конвенција, бидејќи не можат да докажат дека од своите земји избегале поради различни видови на прогонство. Таквите бегалци добиваат привремени дозволи за престој на година дена, кои подоцна можат да бидат продолжени. Германија прими 1,1 милион бегалци во 2015 година, меѓу кои повеќето се од Сирија и Ирак. Околу 20 отсто Сиријци уживаат субсидјарна заштита.
Претсавниците на владејачката коалиција исто така, договорија мерки за да ги зајакнат бирократските процедури на депортација на економските мигранти кои доаѓаат во Германија, и не можат да добијат субсидијарна заштита или азил.
До договор дојде по долги преговори помеѓу коалициските партнери, посебно СДП и Христијанската социјална унија (CSU).
Властите на Баварија, каде е на власт CSU, во вторник побараа да се заврши политиката на отворените врати за бегалците.
Меркел досега ја бранеше политиката на отворени врати за барателите на азил кои бегаат од војните во Сирија и Ирак и подвлекуваше дека решение за бегалската криза може да биде постигнато единствено со свртување кон корените на проблемот, во соработка со останатите членки на ЕУ и Турција.