?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
АНКАРА/АЛ- ХАСАКА (АА) - Подготовките за распоредување на руски сили на аеродромот во Камишли, недалеку од сириската граница со Турција и евентуалното поставување на ракетниот систем најмногу, ќе ги загрижи Соединетите Американски Држави, сметаат аналитичарите, со оглед на тоа дека две нивни бази се наоѓаат во домет на руските сили.
Само 70 километри од аеродромот Камишли, во Римелан, сместена е базата на американските сили. На тој начин, Русија ќе претставува непосредна закана за американската база во Сирија како и со воените акции кои се изведуваат со полетување на авиони од базата Инџирлик во соседна Турција.
Во моментов, Русија работи на проширување и подготовки за користење на аеродромот Камишли, кој е оддалечен малку повеќе од три километри од местото Нусајбин, во Мардин, во југоисточниот дел на Турција.
На пистата на аеродромот, еднаш месечно слетува ирански карго авион, а два пати карго авион на припадниците на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Како што е претходно соопштено од Комитетот за локална координација на Сирија (LCC) на 19-ти јануари, 100 руски војници донесени се со сириски воен авион на аеродромот Камишли.
Активностите на Русија ќе овозможат јакнење на силите на режимот во најголемото место во Камишли, Ал-Хасака. Силите на режимот моментално контролираат четвртина од Камишли.
Додека владините институции се наоѓаат под управа на режимот, за безбедноста во регионот задолжен е ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија.
Доаѓањето на руската војска во Камишли на режимот ќе му овозможи предност во контрола на воената и логистичката поддршка од Ирак и Иран.
Русија, пред воздушните напади во Сирија, кои започнаа на 30-ти септември 2015 година, го зајакна присуството на аеродромот Химеим, во западниот дел на Сирија.
Соединетите американски држави од октомври 2015 година се подготвуваат за основање на база во Римелан, место под контрола на ПЈД, а работите се завршени неодамна. САД ја проширија пистата во Римелан која ќе се користи во борба против терористичката организација ДАЕШ. Оваа писта од почетокот на месецот може да се користи за слетување на хеликоптери, но моментално не е погодна за воени авиони.
Како што дознава новинарот на АА од локални извори, САД формирале и образовни и логистички центри во местата Карачок и Зигат, кои му припаѓаат на Римелан. Моментално се гради писта во Харап Ал-Џир. Во близина на овие точки подигнати се и ѕидини, а и влезот во тој дел е ограничен со неколку контролни точки.
Американската база во Римелан која се наоѓа на 70 километри од Камишли, каде што би требало да биде руската база, е доведена во опасност. Се очекува дека Русија, покрај употребата на воени авиони во Камишли, ќе воведе и ракетни системи со можност за лансирање од земја.
Според податоците од безбедносни избори, Русија овој месец на аеродромот Кувејрис, во близина на турската граница, го поставила ракетниот систем SA-5 со домет од 300 километри.
Доколку Русија постави ракетен систем во Камишли, на домет би била базата во Римелан и базата Инџирлик во Турција.