Hakan Çopur
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) објави стотици документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) кои главно потекнуваат од 1940-тите и 1950-тите години, пренесува Anadolu Agency (AA).
ЦИА ги објави документите во извештајот под наслов „Sирнете во нашето ,досие Х'”, а се однесуваат на истражувањата на ЦИА за НЛО и вонземјаните кои се направени во 1978 година.
Во соопштението на американските агенции се наведува дека најголем дел од документите се од периодот од 1940-тите и 1950-тите години, за кои стануваше збор во познатата телевизеска серија “X-Files”. Всушност, помеѓу главните актери на серијата се води дијалог во кој тврдат дека врз основа на овие документи ќе се докаже постоењето на НЛО.
Во објавениот извештај се наведува дека ЦИА на јавноста ѝ пружа можност за истражување, а објавени се и бројни написи во дневните весници за НЛО како и извештаи на агентите од местата на кои е пријавено дека е виден НЛО.
Исто така, објавени се и извештаи од Шпанија, Јужноафриканската Република, Германија и Мароко, како и од други локации во светот за кои е утврдено дека е забележан НЛО.