Malik Hasa
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ТИРАНА (АА) - Директорот на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА), Џон Бренан, оствари посета на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Американската амбасада во Тирана се вели дека Бренан се состана со високи раководители на државата, имено претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама и министерката за одбрана Мими Кокдели.
Темата на разговорот, според соопштението, беше регионалната безбедност, соработката во борбата против тероризмот, размената на информациите, итн.
„Денес во Тирана дискутиравме со директорот на ЦИА, Џон О. Бренан, за регионални безбедносни прашања, борбата против тероризмот и одличните односи“, напиша во еден пост на социјалните мрежи министерката Кокдели.
Се дознава дека Бренан се состана и со раководителите на разузнавачките институции во Албанија.