Dildar Baykan
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ТОКИО (АА) – Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Рекс Тилерсон, се сретна со министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на својата турнеја низ Азија, Тилерсон првин ја посети Јапонија. Тој на една заедничка прес-конференција со својот јапонски колега Кишида, истакна дека соработката на САД со нивните сојузници, Јапонија и Јужна Кореја, е многу важна во врска со заканата од Северна Кореја.
„Тројната соработка меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја е мошне важна, особено кога се земаат предвид нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја“, истакна Тилерсон.
Тилерсон ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклеарните и балистичките проектилни програми, и истакна дека не постои нешто што Северна Кореја треба да се исплаши од САД.
Американскиот државен секретар Тилерсон нагласи дека дипломатските и другите напори на САД за денуклеаризација на Северна Кореја се залудни. Тој не даде детали за тоа какви политики ќе води администрацијата на Доналд Трамп во врска со ова прашање.
Тилерсон и Кишида апелираа до Кина да изврши притисок за промена врз администрацијата на Пјонгјанг.
Јапонскиот министер Кишида нагласи дека ако првата станица на Тилерсон при посетата на азиските земји е Јапонија, тоа покажува колку Вашингтон им дава важност на односите меѓу двете земји.
„Постои непоколеблива врска меѓу САД и Јапонија“, истакна Кишида.
Се очекува министерот Тилерсон да се сретне и со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.
Во рамките турнејата во Азија, Тилерсон ќе ја посети и Кина, како и Јужна Кореја.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своите телефонски разговори со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, и со заменик-претседателот на Јужна Кореја, Хуанг Го-ан, остварени на 7 март, дал гаранција за безбедноста во врска со тестирањето на балистичките ракети од страна на Северна Кореја, изведено на 5 март.
Во соопштението од администрацијата на Пјонгјанг објавено преку официјалната новинска агенција КЦНА, се истакнува дека се чувствувале непријатно поради заедничката вежба на САД и Северна Кореја, одржана на 1 март, и се заканила со напад.