Zülfiya Yakup
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Принцот од Велс, Чарлс заедно со својата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, годинава во март ќе го посетат Косово, за време на турнејата низ Западен Балкан, јавува Anadolu Аgency (АА).
Како што е соопштено од Амбасадата на Велика Британија во Косово, принцот Чарлс освен Косово ќе ги посети и Србија, Хрватска и Црна Гора.
Да се потсетиме дека принцот Чарлс го посети Косово во септември 1999 година, и досега вкупно осум пати бил во посета на Западен Балкан, додека пак на војвотката Камила ова ќе ѝ биде прва посета на Балканот.