Murat Temizer
15 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Ветерниците во Данска минатата 2015 година, достигнаа светски рекорд во производство на најголемо количество на ветерна енергија од било која друга држава за 42 % од вкупниот износ произведен во ветерниците, соопшти денес непрофитабилната компанија "Energinet DK", во сопственост на данското Министерство за енергија, услуги и клима, јавува Anadolu Agency (AA).
"Energinet DK" изјави дека 42% проценти од струјата произведена од ветерот во 2015 година го сруши претходниот рекорд, направен во 2014 година за 39 проценти.
"Не е невообичаено да се произведе повеќе енергија од ветрот отколку што е потрошувачката. Електроцентралите во Данска имаат голема и важна улога во снабдувањето на струја во Данска. Електроцентралите обезбедуваат флексибилност и произведуваат струја кога нема доволно производство од ветерот и сонцето", рече Карстен Витруп, стратешкиот советник за енергија на "Energinet DK", во пишаниот извештај.
Витруп рече дека додатната струја произведена од Данскиот систем на ветерници се продава во Норвешка, Шведска и Германија.
Данска се обврза кон Европската унија дека обновливата енергија ќе генерира најмалку 30% од енергетската потрошувачка до 2020 година.
Според статистиката на Данскиот национален преносен системски оператор, во 2013 година, 32,7 % од потрошувачката на струја во Данска беше покриена од ветерниците, но во 2014 година, Данска направи нов рекорд меѓу европските држави, кога 39,1 % од енергетската потрошувачка беше покриена со производството на ветерниците.
Данската влада постави цел до 2020 година, 50 отсто од енергијата да ја произведе со помош на ветерот.