свет

Во Данска лицата со привремен престој не може да се разведуваат

Државната администрација барањата за развод на лицата со привремен престој ги одбива

Davut Çolak  | 25.04.2019 - Обновена : 26.04.2019
Во Данска лицата со привремен престој не може да се разведуваат

КОПЕНХАГЕН (АА) – Во Данска, барањата за развод на лицата што се наоѓаат на привремен престој во земјата, се одбиваат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Весникот „Политикен“, во веста која ја заснова на одлуките на Државната администрација за спроведување на процесот на развод (Statsforvaltningen) се истакнува дека според став 3, член 7 од Законот за странци, кој е во сила, лицата што се наоѓаат на привремен престој во земјата, не може да се разведат. 

Според Законот за странци, во Данска, за да може еден странец да се разведе, треба да има дозвола за постојан престој. Лицата што имаат привремен престој не се сметаат за жители на Данска. 

Државната администрација, поради оваа причина, барањата за развод на лицата со привремен престој ги одбива. 

По објавување на веста, политичарите од Социјалдемократската партија и на Данската народна партија, повикаа дека Законот треба да се менува. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.