Sultan Çoğalan
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Данска Ларс Локе Расмусен при својата посета на Анкара, изјави дека обидот за државен удар на 15 јули бил напад врз легитимните демократски структури во Турција и изјави: „Јас бев сведок на тоа. Цела вечер ја преседов. Целиот настан беше исклучително шокантен. Уште истата вечер, употребувајќи го турскиот јазик колку најдобро го знам, со турскиот народ ја споделив мојата солидарност. Сметам дека за демократијата не постои никаква алтернатива“, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерите Јилдирим и Расмусен, по средбата во палатата Чанкаја одржаа заедничка прес-конференција.
Премиерот на Турција Јилдирим на заедничката прес-конференцијата изјави: „Турција и Данска делат исти гледишта и се согласуваат дека денеска во однос на минатото е потребна поголема меѓународна соработка во борбата против тероризмот. Давањето поддршката за Турција која истовремено се бори против тероритичките органзиации ПКК, ПЈД, ДЕАШ и ФЕТО значи свој удел во успехот на оваа борба“.
Премиерот Јилдирим продолжи со зборовите:
„Можеме да забележиме дека добар пример за помош во таа борба е одлуката на независниот суд на данската влада да го затвори медиумскиот орган Roj TV на терористичката органзиација ПКК. Нашата најголема желба е позитивна соработка со данската влада против тероризмот да продолжи и во врска со терористичката органзиација ФЕТО чии членови го спроведоа крвавиот обид за државен удар во Турција.“
Премиерот на Данска Расмусен му се заблагодари на Јилдирим за укажаното гостопримство, додавајќи дека имале крајно конструктивна средба и посака оваа негова прва посета да не биде и последна.
Преиерот Расмусен потсети дека пред само 5 месеци во Турција се случи обид за државен удар.
„Тоа беше напад врз легитимните демократски структури во Турција. Јас бев сведок на тоа. Цела вечер ја преседов. Целиот настан беше исклучително шокантен. Уште истата вечер, употребувајќи го турскиот јазик колку најдобро го знам, со турскиот народ ја споделив мојата солидарност. Сметам дека за демократијата не постои никаква алтернатива. Владата на Данска многу бргу реагираше и и го осуди обидот за државен удар, давајќи и поддршка на турската влада. Искажавме сочувство за загинатите. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Турција. Оваа наша заложба продолжува, бидејќи Турција ја гледаме како многу близок пријател и сојузник“, изјави Расмусен.
- „Заеднички делуваме во борбата против ДЕАШ“
Премиерот на Данска Расмусен рече дека во Данска живее голема турска популација и истакна дека Турците во Данска кои се големи работници, претставуваат многу важна врска меѓу двете земји.
Расмусен рече река Турција ја гледа како мост меѓу Европа и Азија, додаваји дека е потребно зголемување на билатералната соработка меѓу двете земји и зголемвуање насоработката меѓу Европа и Турција.
Премиерот Расмусен рече дека со премиерот Јилдирим разговарале за чекорите кои е потребно да се направат во иднина, особено за потребните чекори кои Турција треба да ги направи по обидот за државен удар.
„Сепак многу е важна пропорционалноста во прикажаните реакции. Се разбира дека ние ја искажавме нашата загриженост во врска со слободата на изразување и медиумите и лицата на кои им било даден отказ. Но сите тие работи не можат да го нарушат нашето силно сојузништво и пријателство“, изјави Расмусен.
На меѓународно поле Турција и Данска се земји кои делат многу важи вредности и истакна дека се блиски партнери.
„Ние заеднички делуваме во борбата против ДЕАШ. Тоа е една од главните причини за мојата посета. Одам во посета на данските војници во воената база Инџирлик. Но нашата поврзаност не се само во врска со борбата против ДЕАШ. Истовремено. Истовремено зборувавме и за заложбите за поддршка во економијата и инвестициите. Во тој поглед, зборувавме и за зголемување на просперитетот. Донесовме одлука да продолжиме со работата темите за развивање на билатералните односи“, рече Расмусен.
Премиерот Расмусен му честиташе на Јилдирим што Турција е домаќин на 3 милиони бегалци, и продолжи со зборовите: „Тоа е навистина голема обврска и одговорност. По ова прашање ќе продолжиме со нашата заедничка соработка. Тоа значи дека сум свесен дека Европа треба да ги исполни дадените ветувања“.
Премиерот на Ларс Расмусен и се заблагодари на Турција која е домаќин на воздухопловните сили на Данска, додавајќи дека тоа е во рамките на соработката за заедничка борба против тероризмот.