Hatice Kesgin
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Денес во парламентот беше изгласана довербата на новата Турска влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на премиерот и претседател на владеачката Партија за правда и развој (АК Parti), Бинали Јилдирим, доби 315 гласа „за” а 138 пратеници гласаа „против”.
Партијата има 317 пратеници во Големото национално собрание со 550-член состав на парламентот. Само 453 пратеници присуствуваа на гласањето денес.
По изгласаната доверба, премиерот Јилдирим се обрати на парламентот и нагласи дека владите на АК Партијата имаат карактеристика што се бирани според волјата на гласачите, но по стапувањето на функција и добивањето на довербата во парламентот ќе станат влади кои ќе ѝ служат на целата нација.
„Со посветена работа ќе ги продолжиме започнатите проекти и развојoт на нашата убава Турција која со 65-та влада ќе продолжи со сигурни чекори кон остварувањето на визиите и целите на нејзиниот основач, Мустафа Кемал Ататурк. Ќе работиме на зајакнување на демократијата, човековите права и слобода, како и на зајакнување на единството и братството во рамките на нацијата”, изјави премиерот Јилдирим, а во таа пригода се заблагодари на сето добро сторено од Владата на чело со неговиот претходник, Ахмет Давутоглу.
Минатата недела во Анкара се одржа вториот вонреден когрес на АК Партијата на која досегашниот турски министер за транспорт, поморство и комуникации, Бинали Јилдирим, е избран за нов претседател на партијата. Тој стана трет претседател на партијата која претходно од таа позиција ја водеа нејзиниот основач Реџеп Таип Ердоган и досегашниот премиер Ахмет Давутоглу.