Fatjon Cuka
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ТИРАНА (АА) - По повод 25-годишнината од отворањето на демократскиот повеќепартиски парламент, Собранието на Албанија, организираше церемонија за одбележување на овој ден, во соработка со Академијата на науките на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на парламентот, Илир Мета, во својот говор рече дека Албанија се промени во овие 25 годинии додаде дека Албанија е земја која е почитувана на меѓународната сцена.
"Овој момент е повеќе од датум на календарот, тој е пресвртна точка во историјата на Албанија, бидејќи дефинитивно не оддели од минатото, со почеток на патот кон евро-атлантската иднина на нашиот народ. Првиот плуралистички парламент имаше краток век, но даде голема порака за слободата, која го отвори патот на демократските перспективи и големите историски промени. Собранието на Албанија одигра незаменлива улога во сите процеси на трансформација. Денес ние се соочуваме со голем предизвик, историска реформа на правдата и оваа реформа ќе биде успешно завршена што е можно поскоро со цел отворање на патот кон модернизирање на уставните институции", рече Мета.
Исто така, денес претседателот на Собранието, Илир Мета, ќе организира прием на кој ќе присуствуваат лидери и високи функционери од земјата како и претставници на дипломатскиот кор во Албанија. На 15-ти април, 1991 година се оформи првиот плуралистички парламент со 250 пратеници, како резултат од изборите на 31-ви март 1991 година.