Cuneyt Davut
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ТИРАНА/ПРИШТИНА (AA) - Излевањето на реките и потоците од коритото предизвика проблеми во албанските градови Тирана, Скадар и Леже, а од загрозеното подрачје евакуирани се повеќе од 100 домаќинства, јавува Anadolu Agency (AA).
Поплавите нанесоа оштетувања и на водоводната мрежа која со питка вода го снабдува главниот град Тирана.
На неколку локалитети во загрозените региони дојде до свлечишта кои ја општетија патната инфраструктура.
Од Министерството за внатрешни работи на Албанија е соопштено дека екипите на Цивилна заштита, припадниците на албанската војска и другите надлежни служби се на терен и дека со координирани акции го помагаат загрозеното население и го следат развојот на ситуацијата.
Обилните врнежи предизвикаа слични проблеми и на Косово, каде исто така сообраќајот на патиштата е отежнат поради излевањето на реките и потоците од коритата и бројните одрони.
Косовското Министерство за внатрешни работи соопшти дека поплавите предизвикаа голема материјална штета, но дека нема жртви.