Fatjon Cuka
08 јануари 2016•Ажурирај: 09 јануари 2016
ТИРАНА (АА) - Откако во последните неколку дена во некои области од земјата кои беа зафатени од врнежи од дожд, денес ситуацијата се нормализира нормализира и водата почна да се намалува во земјините површини.
Министерството за внатрешни работи на Албанија соопшти дека сите површински води, кои дојдоа како резултат на излевањата на реките од нивните корита се повлечени. Одговорните агенции продолжуваат со работа да се осигураат структурите за заштита и поправка на штетите од поплавите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Фиер некои семејства беа евакуирани од најранливите области, додека во регионот на Тирана се прекинати врнежите од дожд и ситуацијата е подобрена и се нормализира . Денес во градот Тирана немаше врнежи. Според податоците на Воената метеоролошка служба, минималната температура во главниот град беше 7 целзиусови степени, додека максималната 12.
Според податоцита на Министерството за внатрешни работи во Елбасан нема поплавени домаќинства а водите од земјиштето целосно се повлекуваат. Во меѓувреме ситуацијата која беше проблематична во текот на изминатите два дена е нормализирана и во Берат, Драч, Лежа и Дебар.
Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, од врнежи беа зафатени 5500 хектари земјиште кое беше под вода, а во некои области водата почна да се повлекува.
Народниот правобранител ги проверува подрачјата поплавени од тешките врнежи последните неколку дена. По проверка на теренот, Народниот правобранител, исто така, ќе препорача мерки со кои треба да се помогнат поплавените региони.