?????
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Кривичниот суд во Албанија првостепено го осуди италијанскиот пилот Џорџо Риформати на 15 години затвор, за обид да прошверцува половина тон канабис, јавува Anadolu Agency (АА).
Риформато е уапсен во мај 2014 откако неговиот мал авион принудно слета на популарната плажа Дивјак, 80 километри југозападно од Тирана.
Тогаш полицијата приведе и еден албански државјанин во чиј автомобил беа пронајден 460 килограми канабис, количина која според полицијата, требало да ја преземе италијанскиот пилот.
Риформато ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека слетал поради проблеми со моторот.
Се очекува дека италијанскиот државјанин ќе поднесе жалба на пресудата.
Пред две години, албанската полиција започна значајна акција против производителите на наркотици, опколувајќи го селото Лазарат, 240 километри од Тирана, познат по своите фабрики за производство на канабис.