Yusuf Hatip
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку едно лице загина, а петмина се повредени во немирите што избувнаа за време на протестот меѓу вработените во компанијата "Pakistan International Airlines" во Карачи, јавува Anadolu Agency (АА).
Незадоволни од најавите за приватизација на националната авиокомпанија "Pakistan International Airlines", неколку илјади вработени утрово организираа протестен митинг во Карачи, а немирите започнале кога тие се обиделе да влезат на меѓународниот аеродром "Jinnah".
Полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во аеродромот и тоа предизвика судир со демонстрантите, каде што полицијата употреби водени топови, солзавец и пластична муниција.
Најмалку шестмина демонстранти беа повредени во нападите, а еден од повредените починал на пат кон болницата.
Според полициски извори, починатиот не бил повреден од страна на полицијата, а истрагата за случајот е во тек.
Уапсени се неколку десетици демонстранти.