Ivana Ramadanova
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
СКОПЈЕ АА - Поранешните вработени во ОХИС и денеска со мирен протест пред владината зграда побараа да им биде исплатен долгот што Владата го има кон работниците во оваа државна компанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Револтирани поради тоа што никој не сака да го слушне нивниот глас, тие испратија порака дека ќе продолжат да доаѓаат пред Владата се додека не ги добијат заостанатите 24 плати, без разлика кој ќе биде премиер во јануари или во април.
"Има случаи каде што на луѓето им а се блокираат сметките до последен денар. Ние со направениот договор чекаме веќе три години. Имаше три години фора да ни се исплатат платите, значи имало време. Апелираме до државата дека е крајно време некој да превземе мерки за да се обештетат луѓето, бидејќи секој еден е некаде должен.", изјави еден од работниците.
"Нека ни ги даде нашите пари за да си одиме од тука. Нека градат немаме против, но треба да мислат и на нас. Од тука одиме во синдикатот", додаде една од вработените.
Државата за сега нема решение за проблемот, а единствена опција е продажба на компанијата која со години работи со загуби. Во изминатите неколку години пропаднаа вкупно 13 тендери за продажба на ОХИС на приватен инвеститор.