Zülfiya Yakup
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Со протест во Призрен, трите косовски опозициски партии продолжија денес со митинзите „За Републиката“, по општините, во знак на спротивставување на договорот за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово и за демаркација на границата со Црна Гора, јавува Anadolu Agency (АА).
Митингот во Призрен пред околу илјада граѓани помина мирно.
Претседателот на најголемата опозициска партија Движењето „Самоопределување“ Висар Имери, им порача на насобранте дека нема да има дијалог со опозицијата на кој повикуваат премиерот Иса Мустафа, претседателката Атифете Јахјага и заменикот премиер Хашим Тачи, затоа што опозицијата нема да дозволи да поминат договорите со кои се уништува земјата и ѝ се поклонува земја на Црна Гора.
Потсетувајќи дека затворот за припадниците на опозицијата е продолжен уште за 60 дена, рече дека буџетот се дели на повеќе делови, еден за Заедницата, еден за Иса и еден за Тачи. Имери рече дека призренци најдобро знаат што значи да се има претседател на општина, кој е осуден а сè уште е на власт.
Во отсуство на Рамуш Харадинај, во име на Алијансата за иднина на Косово говореше секретарот на таа партија, Блерим Кучи. Кучи истакна дека по овие договори Косово веќе не е единствено и не е мултиетничко.
Тој оцени дека премиерот Мустафа го прекршил првиот член од Уставот во кој пишува дека Косово е независна и суверена држава со потпишувањето на договорот со Србија за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, додека договороот за демаркација на границата со Црна Гора вториот член од Уставот за сувереноста.
Лидерот на Иницијатива за Косово, Фатмир Лимај, изјави дека на сите Албанци им е јасно дека договорите не се в ред, и дека формирањето на Заедница на општини со српско мнозинство значи враќање на Милошевиќ и нарушување на хармонијата која е создадена во Призрен. Лимај предупреди дека овие договори „командуваат со земјата и да не излезат случајно да бараат поддршка“.
„Нашиот повик е да се обединиме и да не дозволиме расправии. Косово е единствена земја во Европа на која половина опозиција ѝ е во затвор. Дали сметате дека тие дела би ги сториле да нема причина“, рече Лимај.
Додаде дека никакви репресивни мерки нема да можат да ја сопрат опозицијата во спречување на тие договори.
Обединетата косовска опозиција досега одржа митинзи во Приштина, Гњилане, Дечани, Малишево и Пеќ, а голем митинг е закажан за 9-ти јануари, повторно во Приштина.