Almir Terzic
11 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Во заедничка соработка на БиХ и партнерските институции во Турција и Црна Гора, на територијата на Турција лишен е од слобода државјанин на БиХ во обид да замине во Сирија и да се приклучи кон терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
При обидот за заминување во Сирија, на територијата на Република Турција, уапсен е Сенад Коштац (22) од Велика Кладуша, БиХ, кој откако го осмислил планот и собрал средства се упатил кон Сирија, со цел да се приклучи на ДАЕШ, кој од ОН е прогласен за терористичка организација.
Според собраните докази, осомничениот од БиХ отпатувал за Подгорица, а потоа со авион кон Турција, каде е уапсен и предаден на властите на БиХ.