Aldıjana Hadzıc
11 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се случиле на денешен ден издвојуваме:
347 година - Роден е римскиот цар Флавије Теодосиј (Flavius Theodosius) I, познат како Теодосиј Велики, последниот владетел на Римското царство.
1503 година - Роден е италијанскиот сликар Џироламо Франческо Мариа Мацола, познат како Пармиџанино, најзначајниот претставник на маниризмот во Италија, открил многу можности во техниката бакарорез. Познат е како портретист и сликар на фрески во Парма, Рим и Болоња.
1928 година - Почина англискиот писател Томас Харди. Ги напиша делата "Под зеленото дрво", "Далеку од безумната толпа", "Враќање на домородците", "Теса од Д' Арбервилови" и многу други дела.
1962 година - Под снежна лавина, која го затрупа селото Хуаскарен во перуанските Анди, животот го изгубија над 3.000 луѓе.
2008 година - Почина Сер Едмунд Хилари, истражувач од Нов Зеланд, првиот човек кој го освои врвот на светот Монт Еверест и влезе во легендите како еден од најголемите авантуристи на 20-тиот век.