Mohamad Misto
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушен напад на руски авиони врз училиште во населеното место Анжар во Алепо, загинаа 17 лица од кои 8 ученици, додека повредени се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од тимовите за Цивилна одбрана, руските борбени авиони таргетирале едно училиште и зграда во којашто живееле цивили, во населенето место Анжар, западно од Алепо, при што загинале 17 лица, а 25 други се повредени.
Исто така, од 17-те загинати лица, осум се ученици, еден наставник а останатите осуммина се членови на едно семејство кое живеело во зградата, која исто така, била бомбардирана од страна на руските авиони.
Продолжуваат активностите за пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани од страна на екипите на Цивилната заштита.
Бидејќи повредените се во критична состојба, постои загриженост дека бројот на жртвите може да се зголеми.