Halit Süleyman
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Во руските воздушни напади врз градот Анадан, северно од Алепо во Сирија, која е под контрола на опозицијата, загинаа шест цивили, а 16 se повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава репортерот на АА, руските авиони извршија 50 напади врз селата во тоа место.
Спасувачките екипи извлекоа безживотни тела на возрасни лица но и на деца од под урнатините. Од друга страна, со натчовечки напори и ограничени можности се обидуваат да ги извлечат повредените.
Активистот Мухамед Kураб од Анадан, рече дека пет руски авиони извршиле интензивни напади, и дека веќе два дена интензивно ја напаѓаат областа во северниот дел на Алепо, кој е под контрола на опозицијата.
Руските воздушни сили изведуваат напади во Сирија од крајот на септември минатата година.
Иако тие активности се најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските авиони ги гаѓаат упориштата на сириската опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо.
Мета на руските напади се и цивилните населби, како и хуманитарните коридори кои доставуваат помош за цивилите.