Fatih Erel
08 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
ЖЕНЕВА (AA) - Над 20.000 деца во сирискот град Мадаја, кој е под опсада, страдаат од глад, изјави денес Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), јавува Anadolu Agency (AA).
"Повеќе од 20.000 од вкупно 42.000 луѓе кои во Мадаја се борат за живот и ги немаат најосновните потреби се деца" рече денес на прес-конференцијата организирана во канцеларијата на ОН во Женева, портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Боулиерац.
Обединетите Нации во вторникот информираа дека сирискиот режим се согласил да дозволи влез за помош во Мадаја каде што луѓето умираат од глад.
Според УНИЦЕФ, речиси половината од 4,5 милиони Сиријци кои се во регионите под опсада и каде што пристапот на хуманитарната помош е тежок се деца.
Освен помошта предвидена за градот Мадаја, Обединетите Нации ќе помогнат во два други града, во Фоах и Кефраја, сирискате провинции на Идлиб опсадени со бунтовнички групи.