свет

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа 45 деца

- УНИЦЕФ соопшти дека во терористичките напади во Шри Ланка меѓу загинатите се наоѓаат 45 деца, а дека уште десетици деца се ранети

Bayram Altuğ  | 23.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа 45 деца ( Arhiva - AA )

ЖЕНЕВА

Фондот на Обединетите нации за помош на деца (УНИЦЕФ) соопшти дека меѓу загинатите во терористичките напади извршени за време на чествувањето на католичкиот Велигден во Шри Ланка, има 45 деца, од кои 5 се странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).

Кристоф Булиерац, портпаролот на УНИЦЕФ, на прес-конференцијата одржана во канцеларијата на ОН во Женева истакна дека се длабоко шокирани и чувствуваат длабока болка поради страшните терористички напади извршени во неделата врз црквите и хотелите во Шри Ланка, во кои семејствата и децата биле директна цел.

Булиерац информираше дека во нападот извршен врз црквата „Св. Себастијан“ во Катана животот го загубиле 27 деца, а 10 се ранети. Во нападот во Батикалоа загинале 13 деца, а 15 деца на возраст од 7 до 16 години се наоѓаат на лекување во болница.

Булиерац соопшти и дека меѓу загинатите деца, 5 се странски државјани, информирајќи дека во терористичките напади животот го загубиле 45 деца.

Покрај тоа, Булиерац посочи дека во болница на лекување се наоѓаат 20 деца ранети во експлозиите што се случија во главниот град Коломбо, додавајќи дека 4 од нив се во одделот за интензивна нега.



- „Можно е зголемување на бројот на починатите“

„УНИЦЕФ најостро го осудува ова насилство“, изјави Булиерац, информирајќи дека се во тесна соработка со властите од Шри Ланка во врска со нападите во оваа земја во кои има голем број детски жртви.

Булиерац, изјавувајќи дека споделените информции за жртвите се привремени, ја изрази својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на починати деца.

Во неделата во Шри Ланка за време на чествувањето на католичкиот Велигден во кое учествувале голем број семејства, беа изведени терористички напади во три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, како и во три луксузни хотели со 5 ѕвездички, „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во главниот град Коломбо, по што следуваа уште две експлозии на периферијата од градот.

Властите од Шри Ланка соопштија дена во нападите животот го загубиле 310 лица, а повеќе од 500 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.