Hasan Esen
08 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот федерален обвинител тврди дека во Брисел е пронајдена куќата на напаѓачите кои се одговорни за масакрот во Париз, а во која се произведуваат експлозивни направи, јавува Anadolu Agency (АА).
Според обвинителството во куќата беа пронајдени отпечатоци од прсти нa Салах Абдселама кој успеа да избега по нападот, супстанци кои се користат за производство на експлозивни направи и три елеци кои ги користат бомбаши-самоубијци. Како што тврди белгиската телевизија ВРТ, Абдселама по нападите се криел во куќата, но се уште не е утврдено колку долго. Се претпоставува дека на претходно приведените лица е лице кое под лажно име ја изнајмил куќа.
Исто така, утврдено е дека најмалку двајца напаѓачи кои учествувале во масакрот на 13 ноември во Париз, живееле во Белгија. Од упадите на безбедносните сили на неколку локации по нападот, уапсени се повеќе од 40 лица, од кои десет од нив се во притвор.
Во терористичките напади за кои одговорноста ја презедоа терористичката организација ДАЕШ загинаа 130 лица, а 350 беа повредени.