?????
08 Јануари 2016•Ажурирај: 09 Јануари 2016
ДАМАСК / АНКАРА (АА) - Во сирискиот град Mадаја хуманитарната криза го достигна својот врв, а населението за основните прехранбени производи плаќа огромна сума на пари, ако воопшто ги имаат, јавува Anadolu Agency (АА).
Овој град е веќе неколку месеци е под опсада на Хезболах и про-силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Таму живеат речиси 40.000 луѓе на кои им е забрането да ја напуштат територијата, а исто така им е забрането испораката на хуманитарна помош. Припадниците на Хезболах поставија експлозивни направи во пограничната зона, поради што до сега од глад изумреа околу 70 луѓе.
Покрај тоа, најмалку 50 лица се на лекување од болести предизвикани од глад. Жената која што од безбедносни причини не сакаше да го открие нејзиното име, изјави дека живеат од смеса добиена од врела вода, сол и коски. Константната потрошувачка на солена вода предизвикала здравствените проблеми кај нејзиниот сопруг кој си го оштетил видот.
"Во Mадаја луѓето умираат. Одиме во чаршија но нема ништо. Килограм пченица е 75.000 сириски лири (365 евра). Кој има 75.000 лири? Ние само сакаме светот да ни покаже барем малку сочувство", рече таа.
"Состојбата на мајка ми е многу лоша. Не можеме да најдеме млеко за брат ми. Живееме на вода", вели 12-годишниот Нидал Мухамед, кој додава не јадел веќе шест дена, но гладта ја залажува со вода.
Како што дознава новинарот на АА од локални извори, многумина се одлучуваат да избегаат од Mадаја за да купат основни намирници, но тие се спречувани од страна на припадниците на Хезболах. Поради сиромаштијата, цената на храната се зголеми до 15-20 пати. Еден килограм шеќер чини до 60.000 сириски лири (292 евра), цената на еден литар масло е 70.000 сириски лири (340 евра), додека килограм ориз чини до 40.000 сириски лири (194 евра).