Dejan Maksimoviç
09 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Двајца напаѓачи упаднаа во хотел во египетското одмаралиште Хургада и со нож ранија тројца туристи, потврдија локалните безбедносни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот кој се случи во хотелот со четири ѕвездички "Бела Виста" се ранети двајца австриски и еден шведски државјанин. Од Министерството за внатрешни работи во Египет велат дека полицијата пукала во напаѓачите при што едниот бил ликвидиран.
Тој бил идентификуван како 21 годишен Мухамед Хасан Махфуз, студент од Каиро. Сите ранети туристи се префрлени веднаш во болница, еден по укажаната помош е пуштен дома, а за другите двајца нема детални информации.
Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека сите тројца завршиле со полесни повреди. Туризмот кој е темел на египетската економија е тешко погоден последните неколку години поради политичките конфликти и нестабилноста на земјата.
Сега сериозно го загрозија и се почестите напади врз туристите. Во четвртокот беше напдната група на израелски туристи во Каиро, но за среќа без поголеми последици. Минатата година на 31 октомври над Египетскиот Синај е срушен руски патнички авион во кој беа 224 луѓе. Одговорноста за овој напад ја презеде ДАЕШ.