Büşra Nur Bilgiç
25 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
САДАХ (АА) - Најмалку 12 лица се убиени, а 50 ранети во бомашкиот напад што се случи доцна синоќа во северозападниот дел на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите на бунтовничкото движење Хуси извршија напад на пазар на кој се наоѓале јеменски војници.
Неименувано воено официјално лице соопшти дека меѓу ранетите, повеќето се животно загрозени.
Телевизискиот канал на движењето Хуси, „Ал Масирах“, јави дека владините сили претрпеле големи загуби.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Сана и уште неколку важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен дејствува од пристанишниот град Аден.
Судирите во Јемен дополнително се интензивираа во март 2015 година, кога коалициските сили предводени од Саудиска Арабија започнаа да ѝ даваат поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите.
Во војната е уништена инфраструктурата на земјата, вклучувајќи го здравството, водоводната мрежа и канализацијата, поради што ОН ја опишаа ситуацијата во оваа заливска земја како една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.