Barry Ellsworth
10 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
ТРЕНТОН (AA) - Премиерот на Канада Џастин Трудо, го осуди вчерашниот напад врз групата сириски бегалци за време на јавната програма која се одржа во канадскиот град Ванкувер, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на полицијата, велосипедистот се приближил до толпата луѓе насобрани во Ванкувер каде што Здружението на муслимани во овој канадски град приреди прием. Човекот во групата каде што се наоѓаа голем број жени и деца фрли солзавец.
Медицинските екипи веднаш по инцидентот згрижија триесеттина луѓе од кои ниту еден не е потешко повреден.
Канадскиот премиер по настанот се огласи на својот Твитер профил.
"Го осудувам нападот на сириските бегалци во Ванкувер. Тоа не е она што сме ние и не го оддржува топлото добредојде кое Канаѓаните го понудија", напиша премиерот на Канада.
Нападот врз бегалците беше осуден и од страна на градоначалникот на Ванкувер, нарекувајќи го нападот одвратен приказ на омраза кој Ванкувер не го поддржува.
Еден од организаторите на вчерашната програма за бегалци изјави дека е разочаран од инцидентот кој му ги вратил црните спомени од прогонот во Сирија.
Се очекува дека Канада во наредните недели да прими неколку илјади сириски бегалци.