ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама во вторник ќе го одржи своето последно обраќање во Конгресот за единството на нацијата, а вниманието на јавноста за тој настан го привлече со поканата на еден бегалец од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама на тоа случување го повика Рефа Хамо, научник од Сирија, кој на американската јавност и стана познат по реакциите на дискриминаторските изјави на републиканскиот претедент за претседателски кандидат на престојните избори во САД.
Хамо ќе седи во свечената ложа која е наменета за првата дама на САД Мишел Обама, јавува весникот "USA Today". Хамо, минатиот месец отвори блог на интернет под наслов "Луѓето од Њујорк", а неговите коментари на социјалните мрежи ги следат милион корисници.
Претседателот Обама го пофали за делувањето во општеството и го оцени за инспиративно. Познатиот глумец Едвард Нортон организираше и добротворна вечер за овој Сириец.
Станува збор за 55-годишниот Сиријец кој во почетокот на војната во Сирија останал без жена, ќерка и уште пет членови од семејството. Во САД, поточно во Мичиген, пристигнал минатиот месец, а претходно со синот и трите ќерки две години поминал како бегалец во Турција.
Администрацијата на Обама остро ги осуди изјавите на републиканските политичари, со Доналд Трамп на чело, и најави дека оваа година ќе прими 10.000 сириски бегалци.
Вниманието на јавноста Хамо го привлече со својот прв текст објавен на интернет во кој тврди дека, покрај сите трагедии кои му се случиле, сепак има причина да живее и да донесе промени во светот.
"Имам многу научни трудови кои сакам да ги остварам во САД. Едно од моите откритија веќе функционира во Истанбул, каде од енергијата создадена од движењето на возовите се произведува струја. Направив и нацрт на авион кој може да лета 48 часа без гориво. Работам и на еден апарат кој неколку недели пред да се случат, ќе најавува земјотреси. Само сакам да имам место каде што ќе можам да работам. Јас сум сè уште жив, и не сакам некој да помисли дека мојата работа е завршена", наведува Хамо во својот прв објавен текст по доаѓањето во САД.
Паралелно со тоа, неименувани извори од Белата куќа соопштија дека Обама во своето обраќање најмногу внимание ќе посвети на прегледот што сè е направено за време на неговиот мандат на чело на државата, и дека нема да посвети големо внимание на Конгресот во кој мнозинството го имаат републиканците.
news_share_descriptionsubscription_contact
