?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Нападите во самиот центар во Париз ги нарече “дрски обиди на тероризирање на невни цивили“ Американскиот претседател Барак Обама после терористичките напади во Париз порача дека се сочуствува со граѓаните на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнна дека Соеднинетите Американски држави ќе направат се што е потребно во борбата против тероризмот. “Ќе направиме се терористите да ги приведеме пред лицето на правдата, САД се со Франција во борбата против тероризмот“ рече Обама. Нападите во самиот центар на Париз ги нарече “дрски обиди на тероризирање на невини цивили“ .
“Ова не е напад само на Париз. Ова не е напад само на граѓаните на Париз. Ова е напад врз целото човештво и на универзалните вредности кои ги делиме“, рече Обама.
Нагласи дека се на погрешен пат тие кои имаат цел да прават напади на граѓаните на Франција. Оние кои мислат дека можат да тероризираат жителите на Франција или да ги загрозат вредностите кои тие ги подржуваат се на погрешен пат“ , кажа американскиот претседател.
Според наводите на полицијата, во два вооружени напади и во две одвоени екслпозии во билизна на стадионот "Stade de France" бројот на загинати стигна до 129. Полицијата моментално бара граѓаните да ги напуштат улиците каде стотина припадници на безбедносните сили трагаат по напаѓачите.
Бројот на загинати би можел да биде и поголем. Три експлозии исто така се забележани во близина на стадионот "Stade de France" каде се играше пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Германија.