Hakan Çopur
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама, рече дека синоќа постигнатиот Парискиот договор е своевидна пресврсница и дека му ги постави на светот потребните рамки за решавање на проблемот на климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на владите на скоро 200 земји синоќа го усвоија првиот Глобален договор за борба против климатските промени, со кој се повикуваат сите земји на светот да направат заеднички чекор кон намалување, а потоа и елиминирање на гасовите кои даваат ефект на „стаклена градина“.
Американскиот претседател смета дека ова е „историски чекор“ и дека „претставува најдобра можност да ја сочуваме единствената планета која ја имаме“.
„Ниедна земја, колку и да е силна, не може сама да го реши овој проблем. И ниедна земја, колку и да е мала, не може да остане настрана. Поради тоа треба заедно да работиме“, рече Обама
Нагласи дека со овој договор нема да може одеднаш да се решат сите проблеми.
„Ништо нема да биде лесно. Напредок не може да се постигне одеднаш. Меѓутоа, со овој договор имаме поголема надеж дека ќе оставиме подобра иднина на генерациите кои доаѓаат“, рече Обама.
Договорот сега треба да се ратификува, во најмалку55 земји кои претставуваат емитенти на најмалку 55 отсто од глобалната емисија на гасови, а потоа, би стапил на сила во 2020 година.
„Она што некогаш беше незамисливо, стана несопирливо“, рече генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.
Станува збор за првиот договор кој ги повикува сите земји да се борат против глобалното затоплување, а не само најбогатите.
Освен тоа, договорот ги обврзува земјите за чување на зголемувањето на температурата до 2100 година во споредба со прединдустрискиот период „под“ два степени Целзиусови и вели дека ќе се „настојува да се ограничи“ уште повеќе, на 1,5 степени Целзиусови.