Ekipa
18 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Америкаснкиот претседател барак Обама, ќе ја посети Куба кон средината на месец март, со што ќе биде првиот претседател на САД кој по скоро седум децении зачекорил на островот, најави висок функционер на администрацијата на Обама, пренесува Anadolu Agency (AA).
Посетата на Обама ќе означи пресвртница помеѓу САД и Куба и ќе биде круна на неговите надворешно-политички достигнувања, односно нормализација на односите со Куба и постигнатиот напредок во проширувањето на трговските и дипломатски односи откако беа замрзнати цели 54 години.
Оваа посета на Куба ќе биде во рамките на посетата на Латинска Америка, во која претседателот на САД ќе отпатува следниот месец, додаде неименуваниот функционер.
Белата куќа планот за посетата на Обама на Куба ќе го објави во четврток.
Иако посетата на Обама на Куба долго се очекуваше во неговата завршна година во својство на претседател на САД, укинувањето на полвековното ембарго наиде на противење на Републиканското мнозинство во Конгресот.
Еден од републиканските кандидати за претседател на САД, сенаторот на Тексас, Тед Круз, чијшто татко имигрирал од Куба, изјави дека Обама не треба да го посети островот сè додека фамилијата Кастро е на чело на државата.
Републиканскиот сенатор Флориде Марко Рубио, син на кубански имигрант, ја критикуваше отворената политика на Обама кон Куба поради, како што кажа, отсуство на политички промени на островот.
Последен пат кога американски претседател ја посетил Куба било во 1928 година.