Beril Çanakcı
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британската поп-група „Дуран Дуран“, кој придонесе за обликувањето на нејзиниот звук во периодот на стекнување меѓународна слава во 80-тите години, почина на 65 години, јавува Анадолу.
Тејлор починал во понеделникот во својот дом, опкружен со семејството, по долгогодишна борба со рак на простатата, се наведува во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на групата.
Тејлор, роден во Североисточна Англија во 1961 година, ѝ се придружил на „Дуран Дуран“ во 1980 година, придонесувајќи за некои од најголемите хитови на групата, меѓу кои „Рио“, „Хангри лајк д Волф“ и „Грлс он филм“.
Тој ја напуштил групата во 1986 година за да започне соло кариера, повторно се споил со поранешните колеги во 2001 година, па заминал во 2006 година.
Тој јавно ја откри својата дијагноза на рак во 2022 година, кога не можеше да присуствува на церемонијата на приемот на „Дуран Дуран“ во Рокенрол куќата на славните.
„Дуран Дуран“, основана во Бирмингем во 1978 година, стана една од комерцијално најуспешните британски групи во 1980-тите години, стекнувајќи светско признание со комбинацијата на поп, рок и електронска музика.