Michael Hernandez
22 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за бегалската криза во Европа и се согласија дека на донаторската конференција во Лондон, во февруари, ќе има можност за поттикнување на глобалните напори за решавање на сириската хуманитарна криза, јавува Anadolu Agency ( АА).
Обама во телефонскиот разговор рече дека планира да организира самит за бегалците на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во септември, соопштија од Белата куќа.
"Двајцата лидери ветија дека ќе работат заедно во наредните месеци со цел да помогнат да се заштитат милиони луѓе чии животи беа пореметени од војната", се додава во соопштението.
Обама, исто така, изрази сочувство до Меркел поради десетте германски граѓани кои загинаа во самоубиствениот бомбашки напад во Истанбул, на 12-ти јануари.
Статистиките покажале дека минатата година над еден милион бегалци и мигранти пристигнале во Европа по морски пат, изјави високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР).